X
 29.05.2017 Живот

Мозокот на татковците различно реагира на ќерките отколку на синовите

Татковците со ќерките поотворено зборуваат за своите чувства, вклучувајќи ја и тагата, веројатно затоа што чувствителноста кај девојчињата делува поприфатливо отколку кај момчињата. Ова се резултати од студија објавена во списанието „Бихејвиорална невронаука“.

Со синовите, татковците повеќе време поминуваат во груба игра и почесто користат зборови како „горд“, „победа“ и „најдобар“, кои се врзани за одредено постигнување. Од друга страна, со ќерките татковците повеќе користат зборови како „се“, „под“ и „многу“, кои се врзани со идниот академски успех.

Експертите велат дека татковците кои имаат ќерки почесто реагираат кога девојчето плаче отколку татковците на синови. Научниците ги интересирало дали е различен односот на татковците кон ќерките и синовите и дали е тоа поттикнато од разликите во мозочната активност. Она што не го утврдиле, е дали е различна реакцијата во мозокот последица на генетиката и еволуцијата или е во прашање влијание на општествените норми.

Лабораториските експерименти со родителите често даваат искривени резултати бидејќи родителите даваат одговори кои ги претставуваат во подобро светло или немаат реална слика за своето однесување. Заради тоа научниците во оваа студија собирале податоци снимајќи ги татковците и децата во секојдневните животни ситуации, со помош на уред кој татковците ги носеле на своите каишеви.

Освен снимање на однесувањето, на татковците им е сниман и мозокотсо магнетна резонанца, додека набљудувале фотографии на непознати возрасни лица, непознати деца и сопствените деца со тажни или неутрални изрази на лицето. Татковците на ќерки имале посилни реакции на среќниот израз на лицето на своето дете. Она што научниците не очекувале е дека татковците на синови посилно реагирале на неутрален израз на лицето на своите синови, што научниците го толкуваат како позитивно вреднување на изразот на лицето на кое емоциите не се видливи. Што се однесува до тажниот израз на лицето и татковците на ќерки и оние на синови, реагирале исто.

Оваа студија не донела долгорочни заклучоци за влијанието на третманот на синови и ќерки од страна на татковците за иднината на животот на тие деца, но некои релации се забележани. На нивна основа, научниците советуваат дека татковците би требало да им подаруваат повеќе внимание со емоции на синовите за кај нив да поттикнат развој на емпатија, како што прават со ќерките.

Потиснувањето на чувствата и воздржувањето на нивното покажување кај мажите е веќе препознаено како причина за депресија, отуѓеност и незадоволство во бракот, како и помала подготвеност да се побара помош од експерти за ментално здравје.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот