Чарлс Буковски е еден од најпознатите американски писатели чии изјави често се цитирани. Неговиот живот бил бурен како и поезијата што ја пишувал, но никој не може да негира дека максимално уживал во секој момент.
- Премногу често сме оптоварени со одлуките што треба да направиме со животот или што ќе ни одобри семејството. Заборавете на тоа што мислат другите. Пронајдете го она што го сакате и правете го до смрт.
- Немојте да бидете премногу строги кон себе, од животот го добивате само она што му го давате, а понекогаш сѐ што е потребно е подобра перспектива.
- Не заборавајте барем еднаш да полудите. Животот е премногу краток за да останеме нормални и цели на тој пат, пуштете ја косата и дозволете си да полудите.
- Бидете слободни!
- Никој не го интересира вашиот сон за решавање проблеми со гладот во светот. Што вие сте направиле со гладната личност на пат кон решавање на проблемот?
- Не можам ни да ви опишам колку пати вака сум се чувствувал и сум преживеал.
- Никогаш не е доцна да ја спасите вашата душа.
- Единствено што е важно е колку добро одите низ огнот.
- Запомнете... сите ќе умреме.
- Се наоѓаме на
Земјата за да им се смееме на можностите и да живееме така што смртта ќе се плаши да нѐ земе.