Научници откриле остатоци од 11 претходно непознати населени места во Амазонија. Откриени се и остатоци од пирамиди и канали во населбите.
Научниците ги откриле остатоците со ласери од хеликоптер кој летал над Амазонија.
Истражувањето покажало дека древните Амазонци граделе и живееле во густо населени градови со 22-метарски пирамиди од глина, кои биле обиколени со издигнати патеки. Ова било пред околу 1.500 години.
Фото: Freepik
Истражувачите откриле вкупно 24 населби, од кои 15 биле познати претходно. Според нив, луѓето живееле во населбите од околу 500 година до 1400 година.
Новиот труд е уште еден показател дека во Амазонија живееле урбани заедници долго пред да дојдат Европејците.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Freepik