X
 19.10.2018 Технологија

„Ибеј“ ја обвини „Амазон“ за нефер бизнис-практики

Двете најголеми интернет маркетинг-компании влегоа во битка откако „Ибеј“ официјално покрена тужба против „Амазон“, во која обвинува за нефер бизнис-практики. Адвокатите на компанијата велат дека биле жртви на „масовна шема за компромитирање на нивниот внатрешен е-систем“. Информациите потоа биле користени од страна на „Амазон“ за привлекување на најпопуларните трговци на „Ибеј“.

Според обвинението, овие практики не се нови и веќе неколку години се применуваат, објави „ЦНет“. „Ибеј“ тврди дека имаат информации за тоа дека десетици вработени на високи позиции во „Амазон“ во САД и во Европа се обложуваат на различни методи за да ги одземат најактивните трговци во конкурентна платформа. Во овој случај станува збор за практиките на двете компании да им овозможат на аутсајдери да ги рекламираат и продаваат своите производи, што во крајна линија доведува до поголем приход.

Необичен е фактот дека, според „Амазон“, трговците со трета страна генерираат повеќе од 50 отсто од нивниот промет, додека на „Ибеј“ оваа вредност е 100 отсто поради нивниот специфичен бизнис-модел.

Уште е рано да се предвиди што ќе одлучи судот во овој случај, кој ги соочува двете водечки онлајн-платформи за тргување. Западните медиуми коментираат дека овој случај дополнително ќе го заостри конфликтот меѓу компаниите што веќе имаат прилично затегнати односи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија