Сместен во мирната шумичка во
Јапонија, овој одржлив дом дизајниран од „Тоно Мираи архитектс“ е направен од локално дрво и глина, обликувани во уникатен дизајн како школка.
Наречена Шел Хаус, вилата е изградена на барање на клиент кој сакал парче архитектура што е необично, убаво и не прави да се чувствувате стари. Резултатот е куќарка со закривен покрив со темнокафеави дрвени ќерамиди и големи транспарентни врати што водат до двокатен простор.
Внатре, природното светлокафеаво дрво им дава акцент на ѕидовите. Внатрешноста е еден џиновски простор што личи на мансарда, со кујна, дневна со камин, бања, трпезарија и скали што водат до спалните. Ентериерот во вилата совршено се вклопува во околната шума.
Лизгачките врати што водат надвор се и големи прозорци, овозможувајќи природната светлина да влезе во просторот. Надвор има пространа дрвена палуба за гостите да уживаат во природата.
И внатрешноста има закривен изглед. Ѕидовите се криви и создаваат форма на бранови низ целиот простор. Дури и скалите што водат до вториот кат создаваат кривина. Со околното бујно зеленило, Шел Хаус изгледа како совршено место за карантин или престој за време на пандемијата.
Извор: Takeshi Noguchi