Можноста за невообичаена фотографија е неодолива за селфи-авантуристите, кои за таа цел одат во радиоактивни градови, езера или се качуваат на огромни височини, поради што има и најмногу несреќни и смртни случаи.
На островот Скијатос, Грција, овие денови беше забележан еден таков, според многумина – непромислен потфат од страна на група туристи кои се сликаа под авион што полетува на само неколку метри над нивните глави.
Ниското полетување и слетување на овој остров е стара и веќе позната туристичка атракција, но овој пат британскиот авион леташе особено ниско, што дополнително ја зголеми опасноста да бидат повредени егзибиционистите.
Извор: МИА