Елегантна криволиниска структура што се вклопува во постојниот пејзаж е избрана како финален дизајн за библиотеката Ибзен во Скиен, Норвешка.
Дизајниран од „Кенго Кума & Асосиејтс“, „Мед Аркитектер“ и „Буро хаполд енџенеринг“, проектот го импресионирал жирито со својот неверојатен изглед и светол отворен простор.
Оваа транспарентност и меѓусебна поврзаност може да бидат соодветен архитектонски стил за да се испочитува намерата на библиотеката: споделување на делото на познатиот норвешки драмски писател од 19 век, Хенрик Ибзен, по кого е именувана библиотеката.
Ибзен се нарекува „татко на модерната драма“ затоа што неговите дела ги доведоа во прашање застарените вредности на сегашното општество и воведоа нов стил на реални дела во светот на театарот.
Дизајнерскиот тим бил инспириран од „сребрената вена“ што Ибзен ја споменува во својата литература со која сакал да ги претстави клучните карактеристики на неговиот опис во атмосферата на готовиот објект. Со стаклената фасада од подот до таванот и внатрешноста со светло дрво, новата
библиотека ќе ги охрабри посетителите да ги истражат овие дела и прекрасниот простор.
Предлогот на овие дизајнери се обидува да ја замагли границата помеѓу внатрешниот и надворешниот простор со контурирање на внатрешниот отпечаток за да создаде пејзаж усогласен со оној на паркот. Повеќето влезови по нејзината транспарентна фасада овозможуваат човек да се чувствува како да е во еден поврзан објект што дава можност за повеќе патеки.
Усогласен со намерата на дизајнерите за непрекината прогресија низ локалното подрачје, дизајнот вклучува нов културен центар каде што ќе има простории за туристите и за локалната заедница, како детски дел, туристички информативни програми, кафуле и услуги за жителите. Внатрешниот аудиториум и големиот надворешен амфитеатар овозможуваат да се одржуваат поголеми настани во библиотеката.
За човек кој го револуционизирал начинот на кој уживаме во театарот, соодветно е неговата библиотека да содржи многу повеќе од книги.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Kengo Kuma & Associates / Mir.