Идејата за користење вештачка интелигенција во пребарувањето е контроверзна. Генеративната вештачка интелигенција има многу корисни апликации, но пребарувањето, барем во моментот, не е една од нив. Пребарувањето е за истражување и наоѓање информации на интернет. Генеративната вештачка интелигенција на „Гугл“ е склона кон грешки и може лесно да претстави неточни информации како факт.
Во изминатиот период имаше очигледни примери на прегледи на вештачка интелигенција кои даваат дезинформации. Лесно е да се најдат примери на социјалните мрежи каде што прегледите на вештачката интелигенција за пребарување на „Гугл“ даваат неточни информации. На пример, на корисниците им се советува да ставаат лепило на пицата, дека пилешкото месо треба да се готви само на 38,8 Целзиусови степени, дека „течноста за трепкачи“ е реална, дека пожарот може да се изгаси со додавање повеќе масло и дека нема земја во Африка која започнува со буквата „К“.
Идејата за брзо сумирање или одговор со користење на вештачка интелигенција во пребарувањето има смисла. Сè потешко е да се добие брз одговор од пребарувањето на „Гугл“ поради оптимизација за спам, што дополнително се подобрува со моќта на вештачката интелигенција која побрзо ја генерира содржината. Но, користењето вештачка интелигенција за решавање на тој проблем изгледа дека е контрапродуктивно. ВИ може да анализира информации, но не е многу добра во препознавањето на вистината. Исто така, склона е кон земање на сарказамот од „Редит“ како 100 отсто точна информација.
„Гугл АИ срч“ обезбедува лоши прегледи на резултатите од пребарувањето
ВИ едноставно не припаѓа во резултатите од пребарувањето. Ако е таму, не треба да биде на врвот на страницата и да биде вклучена како стандард пребарување. Овие брзи одговори треба да бидат посебен производ - можеби чет-бот, кој „Гугл“ го има и во своето портфолио. Сепак, „Гугл“ веќе покажа дека има одлични идеи за тоа како треба да се користи вештачката интелигенција во пребарувањето и искрено, тие идеи изгледаат многу покорисни од прегледите со вештачка интелигенција.
На „Гугк И/О 2024“ компанијата прикажа неколку нови функции за пребарување со вештачка интелигенција, кои вклучуваат расудување на повеќе нивоа. Тековните пребарувања се генерално едноставни, но „Гугл“ покажа дека вештачката интелигенција може да помогне да се одговори на многу посложени прашања. Еден пример на барање беше:
- Најдете ги најдобрите студија за јога или пилатес во Бостон и покажете детали за нивните понуди и времето на пешачење од „Бикон Хил“ - на што прегледот на вештачката интелигенција може да даде некои навистина корисни резултати.
Тука е и планирањето. Користењето на традиционалното пребарување на „Гугл“ за планирање е тешка задача која бара прелистување на повеќе веб-страници, извршување повеќе пребарувања и рачно собирање информации надвор од пребарувањето. Но, со вештачката интелигенција „Гугл“ ќе биде прилично добар во давање основен распоред за патување, неделни предлози за оброци или брзи препораки за ресторани. Вештачката интелигенција во суштина само испорачува посложена и способна верзија на она што „Гугл“ веќе го правеше.
Но, бидејќи вештачката интелигенција напредува толку брзо, малку е веројатно дека ќе се вратиме назад. ВИ е тука да остане, сакале или не.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik