X
 02.01.2021 Живот

Оваа вертикална градина е менаџирана од вештачка интелигенција и роботи

За само 30 години, 70 отсто од светската популација ќе живее во градовите. Како ќе произведуваме храна за да ѝ служиме на растечката популација која станува сè поконцентрирана?

Вертикалното земјоделство се чини дека е критична алатка за хранење на овие густи области.

„Сан Францискос пленти“ е технолошка компанија која се занимава со вертикално земјоделство. Фармата на компанијата произведува доволно производи за да се наполнат речиси 300 хектари типично земјоделско земјиште, но тие тоа го прават со само 8.000 квадратни метри вертикално земјоделство. Од компанијата велат дека нивната фарма произведува околу 400 пати повеќе храна на хектар отколку една традиционална фарма. Освен импресивното производство на храна, со градината управуваат роботи и вештачка интелигенција.

1

Но, како вештачката интелигенција може да помогне во земјоделството? Таа користи технологија за следење на употребата на водата, светлината и температурата на животната средина каде што растат растенијата. Како што продолжува да работи, вештачката интелигенција учи како да се одгледуваат посевите побрзо и поквалитетно со споредување на ефектите на овие променливи. Освен што е одлично за квалитетот на храната, исто така помага и да се зачуваат ресурсите. Се проценува дека оваа комбинација на технологија дозволува да се користат 99 отсто помалку земја и 95 отсто помалку вода.

Исто така, технологијата значи дека покрај зголеменото производство на храна, вегетацијата може да се создаде и без потреба на пестициди и без ризик од екстремни временски услови.

2

Нејт Стори, коосновач и главен научен директор на „Пленти“, верува дека вертикалното земјоделство и технологијата што ја тестира неговата компанија има важни придобивки за светот.

- Ако сте нација во овој свет што има ограничена безбедност на храна, мора да увезувате сè, а вредноста на храната е различна отколку што е тука во САД - вели тој.

Компанијата наскоро ќе обезбеди производи за 430 продавници низ Калифорнија и се надева дека ќе создаде повеќе вертикални фарми на домашен и меѓународен план.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот