Министерството за внатрешна администрација на Португалија објавило планови да го смени начинот на кој функционира службата за итни повици на универзалниот број 112 од 2025 година.
Големата промена предвидува воведување вештачка интелигенција основана на „Чет-ГПТ“ во примањето на повиците.
- Во принцип, доколку пилот-програмата помине добро, подготвени сме од 2025 година да започнеме да го користиме овој систем за примање повици - изјавил заменик генералниот секретар Антонио Помбеиро.
Од министерството признале дека вештачката интелигенција е нова технологија, но ќе работат на тоа да ја направат нивната работа поефикасна со помош на истата.
Според планот, од 2025, автоматизиран робот ќе ги прима повиците на бројот, особено за време на периоди кога има многу повици. Програмата ќе го процени проблемот и ќе разговара со лицето на природен начин, односно јавувачите нема да бидат свесни дека зборуваат со машина.
Вештачката интелигенција ќе проценува дали да го префрли повикот на човечки оператор. Со ова се очекува да се елиминира чекањето за време на повиците, но и да се препознаваат лажните повици.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay