Креативноста е една од оние неискажливи работи кои е тешко да се дефинираат, но знаете дека станува збор за нив штом ги видите. Таа е движечка сила за многу луѓе дури може да се каже дека и е еден вид магија затоа што има такво дејство.
Вашите идеи не се оригинални – една од најдобрите работи за човештвото е што може да се надополнуваме едни со други, едни идеи со други со што се прават нови иновации. Тоа не значи дека Вашите идеи не се интересни и важно, но не се баш оригинални.
Инспирацијата е мит – моментот на инспирација обично го гледаме како мистична магија која излегува од воздухот. Сепак истражувањата покажуваат дека всушност нашите мозоци прават врски зад сцената. Еден истражувач од Харвард, Шели Карсон, го именувал тоа како „мериод на инкубација“ кој се јавува како резултат на „дивергентно размислување„ или периодот кога сте расеани и му дозволувате на мозокот да мисли на други нешта. Затоа чувствувате дека е случајно – мозокот свесно работи на други нешта, но потсвеста бесно работи без да забележите.
Секој е креативен – креативноста е квалитет кој постои во секој од нас. Степенот на креативно зависи од тоа колку напорно работите. Без разлика на природниот талент, ако не работите, тој е безвреден.
Не се раѓате со креативност – креативноста не само што се учи во училиштата и на универзитетите во светот, туку можете и да го тренирате мозокот да биде покреативен ако работите нешто креативно подолго време.
Не можете да бидете одлични додека не станете ранливи – додека инспирацијата и оригиналноста се митови, ранливоста е реална, и е неопходна за секој кој сака одлично да работи креативна работа. Без разлика дали е фотографија, слика, дизајн на веб, потребно е навистина да го почувствувате она што го работите.
Потребен е страв – како што креативноста е во секој од нас, така е и стравот. Тој го штити телото и во физичка и психолошка смисла. За еден креативец, тој значи дека се движите кон нешто одлично. Не треба да се срамите од него, туку да се движите кон него за да Ве однесе на нови височини.
Да се биде креативен е тешко – фрустрациите се суштински дел од креативниот процес. Тука се и пречките, несигурноста, потешкотиите, незнаењето дали тоа што го правите е правилно
Не можете сѐ сами – сликата на осамен креативец кој со часови работи на некоја тераса во Париз е романтично, но далеку од реално. Луѓето мора да соработуваат дури и да е тоа само да кажете што работите пред пријателите додека сте излезени. Многу големи луѓе за чии професии клучна била креативноста работеле во тим или имале луѓе со кои ја споделувале својата работа.
Надавањето идеи не е најдобриот начин да се дојде до иновации – наместо да тим кој зјапа во табла обидувајќи се да дојде до нови идеи, експертите препорачуваат сите да дојдат сами до нови идеи и потоа да ги изнесат во групата. Потоа би следело вкрстено прашување по што сите би требало да размислат што слушнале.