Што е потребно за да дојдете до најдобрата техника за креативност? Овој блогерџија во неговиот блог пост открива која е таа.
Најпрво ви е потребна „brain-storming“ сесија со најмалку 10 различни луѓе. Колку повеќе луѓе се инволиварни, толку подобро. Потребно е да им кажете која е целта на средбата за тие да дојдат подготвени и вооружени со идеи.
На почетокот на средбата, кажете им на сите да земат хартија и да ги запишат нивните најдобри идеи меѓутоа нека остават место за дополнителни идеи.
Потоа, нивните идеи треба да ги закачат на ѕидот и да стојат пред нив. Нека сите се поместат едно место на десно. Така секој од нив ќе стои пред идејата до нив. Замолете ги да ја прочитаат напишаната идеја и внимателно потоа додадете или подобрете ја оригиналната идеја и напишете го нивниот придонес под првата идеја.
Сега сите треба да се преместат за две места. Причина за ова е тоа што не сакате истата личност да го следи мисловниот процес на на другата личност. Обидете се да ги измешате менталните рамки.
Кажете им да запишат подобра идеја врз основа на она што дотогаш е напишано, а потоа кажете им да се преместат за три места. Прочитајте што е запишано досега и додадете или подобрете ги идеите уште еднаш.
Сега поставете им ги прашањата:
Како може оваа идеја да е нелегална?
Што ќе се случи ако идејата беше невидлива?
Што би направиле ако луѓето би платиле за оваа идеја?
Што би се случило ако оваа идеја во темнина?
Причината за овие чудни прашања е да се обидете да ги натерате учесниците да погледнат кон идејата од сосема нова перспектива.
После прашањата, учесниците повторно треба да се преместат за две места. Речете им да прочитат се` што има на страната и напишете уште една одлична идеја врз основа на она што го пишува на хартијата досега. Потоа, учесниците треба да се вратат на оригиналната идеја, да прочитаат се` што пишува на хартијата и да ја заокружат најдобрата идеја.
Токму тука се случува магијата. Во 95% од времето, најдобрата идеја која ја заокружуваат не е оригиналната идеја. Во помалку од 15 минути можете да ги претворите сите ваши добри идеи во одлични.
Теоријата позади техниката
Постои огромна корист од оваа техника. Техниката може да реши секаков вид на проблеми и од луѓето да ги извлече најдобрите идеи. Обично, кога луѓето ја гледаат одличната работа која ја направиле за само 15 минути тие се енерични, ангажирани и исигурни во процесот.