X
 17.05.2017 Уметност

Основно училиште реализира проект со одлична порака

Училиштата не треба да бидат само за учебници и решавање на задачи. Тие се важни, но важно е наставниците да ги подготват учениците за различните животни предизвици кои ги очекуваат. Во училиштето Шерон во Индијана, ова се прави на еден покративен начин.

камења
Фото извор: boredpanda.com


Наставничката по уметност Џесика Мојес креирала прекрасен проект со убава порака што веќе ја достигнала бројката од 50.000 споделувања на Фејсбук. Проектот е финансиран од фондација која финансира проекти во училиштата, а наставничката аплицирала за својот проект и ја добила поддршката.

Таа на почетокот им читала книга, а потоа секој од учениците требало на наслика камен инспириран од рибата во книгата. На крај околу 740 обоени камења во светли бои биле поставени надвор пред училиштето формирајќи патека.

Проектот
е со цел да ги инспирира учениците да останат вистински и искрени со себе си.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност