Според ново истражување, креативноста е дело на активност во левата страна на мозокот, а не на десната како што се мислеше досега. Досега беше вообичаено да се вели дека десната доминира кај лицата што се креативни, додека левата страна на мозокот се поврзуваше со логично и аналитичко размислување.
Во ново истражувањето објавено во „Неуроимиџ“ истражувачи од Универзитетот „Дрексел“ скенирале мозоци на 32 гитаристи што свиреле импровизирани верзии на мелодии. Тие откриле дека речиси целата мозочна активност била во левата страна на мозокот.
Фото: Pixabay
Оние музичари што немале искуство со импровизација имале поголема активност во десната страна на мозокот, но и нивната музика била со понизок квалитет. Ова покажува дека десната страна на мозокот е поактивна кога мозокот се соочува со нови уметнички предизвици.
Истражувањето покажува дека и мозочната активност се менува со искуството.
Креативците со помалку искуство полесно следат нечии упатства, додека искусните создаваат на несвесен начин.
Автор: Ариан Коен
Извор:
fastcompany.com