Во петтата епизода од деветтата сезона, „The Cartridge Family“, премиерно прикажана во 1997 година, жителите на Спрингфилд гледаат натпревар помеѓу Мексико и Португалија што ќе одлучи кој тим е најдобар на светот. Некои веруваат дека токму ова е натпревар од претстојното Светско првенство во Москва, на 15 јули. А пред да се насмеете, обрнете внимание на неколку логични оправдувања за оваа теорија.
И Мексико и Португалија влегоа во следниот круг, а притоа распоредот е таков што би можеле да се сретнат само во финалето.
Португалскиот весник „Еко“ потсетува и на секс-скандалот во „Симпсонови“ што би можел да се поврзе со актуелните случувања -светот пред помалку од еден месец го заобиколи веста дека репрезентативците на Мексико биле фатени во друштво на 30 проститутки за време на подготовките.
Освен тоа, ако можевме да ги слушаме предвидувањата на октоподите, тогаш зошто не и на „
Симпсонови“?