Зголемена е продажбата на книга за Нострадамус во Велика Британија откако во неа било предвидена смртта на кралицата Елизабета Втора. Имено, во книгата пишува дека Нострадамус пред повеќе од 450 години знаел кога ќе почине британската кралица.
Книгата, која е особено популарна во моментов во британските книжарници, била напишана од Марио Ридинг. „Нострадамус: комплетни предвидувања за иднината“ (Nostradamus: The Complete Prophecies for the Future) е насловот на книгата.
Седум дена пред смртта на кралицата, биле продадени само 5 примероци од оваа книга во земјата. Меѓутоа, по нејзината смрт, од периодот од 8 септември до 15 септември, биле продадени дури 8.000 примероци.
Во книгата, меѓу другото, се наведува предвидување од Нострадамус дека кралицата Елизабета Втора ќе почине во 2022 година на возраст од 96 години.
Се претпоставува дека Нострадамус го предвидел големиот пожар во Лондон, доаѓањето на Хитлер на власт и многу други настани.
Извор:
Klix
Насловна фотографија:
Wikipedia