Велат дека фудбалот е најважната споредна работа во светот. За некои и најважна, па фактот дека можеби нема да бидат во близина на телевизорот додека течат натпреварите, е голем проблем.
Но не мора да биде така. Големите технолошки компании се погрижија најновите резултати секогаш да ви бидат на дофат на раката.
Фото: Getty Images
„Епл“ својата гласовна асистентка Сири ја „научил“ сѐ што треба да знае за фудбалот за да им биде на услуга на корисниците.
Сите сопственици на „Епл“ уреди што поддржуваат Сири можат да прашат информации за резултати, распореди за натпревари, состави на тимови или редот во групите.
Освен тоа, „Епл Стор“ нуди голем број апликации поврзани со фудбалот и Светското првенство.
И „Фејсбук“ се погрижи навивачите секогаш да се информирани за натпреварите.
Така, во „Фејсбук Месинџер“ можете да користите навивачки филтери за без многу мака да им покажете на вашите пријатели на „Фејсбук“ која држава ја поддржувате. Изберете ја Русија, Холандија или Англија и направете фотографии во навивачки бои.
Доколку вашиот уред поддржува зголемена реалност, ќе можете да уживате во техниките на шпанската ѕвезда Серхио Рамос во зголемена реалност, што дава интересни ситуации.
За оние помладите генерации на кои „Снепчет“ им е омилен, тука се различни филтри и налепници со кои можете да ја изразете вашата поддршка за одредена репрезентација.
Секако, не треба да заборавите и на семоќниот „Гугл“, што ве чека во секој момент да ве информира за ситуацијата на Светското првенство.
Навивачите кои одат во Русија можат да го користат „Гугл“ за превод, снаоѓање во градот, но и за информации за временската прогноза и состојбата во сообраќајот.
Доволно е да го прашате „Гугл Асистент“ што ве интересира или да го напишете прашањето во пребарувачот.