Најпознатиот светски футуролог
Реј Курцвeјл на подемот на вештачката интелигенција гледа многу пооптимистично отколку мнозинството луѓе кои веруваат дека ќе ни ја украде работата и ќе стане најголема закана за човештвото.
Во повеќе наврати тој зборува за тоа дека благодарение на напредокот на технологијата и медицината, ќе станеме бесмртни, а неодамна, на една ТЕД-конференција објасни зошто не треба да се плашиме од сиромаштијата и безредието кои би можеле да настапат откако роботите ќе ги преземат професиите
Решението што го предлага тој и за кое се зборува веќе подолго време се универзалните приходи, односно „бесплатните пари“ што би ги добивале луѓето од матичните земји. Додека за поимот универзални приходи најчесто се зборува како за средства за преживување, Курцвејл смета дека од тие приходи луѓето би живееле сосема задоволително, но дека најголем проблем би бил отсуството на смисла на животот без работа.
Моментално е невозможно да се предвиди како би изгледале нашите животи во случај неговите предвидувања да се остварат и постојат многубројни недоумици за начинот на распределба на парите – дали сите луѓе би добиле пари, вклучително и оние што работат, од каде државите ќе обезбедат толкави количини пари и како ќе се чувствуваат луѓето што не работат ништо, т.е. би можеле да се чувствуваат бескорисно, без конкретна цел во животот.
Универзалните приходи, смета Курцвејл, во развиените земји ќе бидат достапни веќе во првата половина на 30-тите години на 21 век, додека во другите земји во светот луѓето ќе добиваат „бесплатни пари“ кон крајот на истата деценија – што од денешна перспектива се чини прилично неверојатно.
Во текот на говорот на ТЕД-конференцијата тој се осврна на омилените теми за поврзувањето на технологијата и човечкото тело, за што смета дека во иднината ќе ни биде чудно како луѓето имале само едно физичко тело и не можеле да ги зачуваат своите мисли во „облак“.
Фото: Freepik