Дали некогаш сте се запрашале зошто на фотографиите за пасош секогаш мора да бидете сериозни? Сепак има причина.
Во многу земји не е дозволено смеење за време на фотографирање за лични документи поради безбедносни причини. Пасошот има чип кој ги содржи биометриските податоци за вас кои се изведени од фотографијата.
Фото: Pixabay
За време на изработката на пасошот, таа фотографија се скенира и од неа се извлекуваат вклучните карактеристики на лицето, како оддалеченоста помеѓу очите, оддалеченоста од носот до брадата итн. На тој начин се создава „математичка мапа“. Смеењето ја намалува ефикасноста на алгоритмот и пречи во создавањето на оваа мапа.
За време на пристигнувањето на аеродром ве снима камера што го скенира вашето лица, а тогаш компјутерот ги споредува овие кадри со математичката мапа на пасошот и одредува дали одговараат. На овој начин се спречуваат потенцијални напади и криминални дела.
Извор:
Novosti