X
 06.03.2017 Култура

Америка ја укинува забрзаната постапка за визата H-1B

Америка привремено ја укинува забрзаната постапка за добивање на Н-1В визата, елиминирајќи ја можноста за пократко време за чекање за програмата која им помага на високо квалификуваните странци да работат во компании во Америка.

виза

Според досегашниот систем, компаниите кои поднесуваат барања за Н-1В визи за потенцијалните вработени може да плаќаат дополнителни трошоци за забрзано процесирање, кое е наречено премиум процесирање.

Ваквото процесирање чини дополнителни 1.225 долари и обезбедува одговор од американскиот оддел за државјанство и имиграција во рок од 15 дена или надоместокот е вратен. Процесирањето на стандардните Н-1В апликации, оние кои не се премиум, помеѓу 3 и 6 месеци.

Суспензијата ќе стапи во сила од 3 април, а може да трае и до 6 месеци. Промената доаѓа откако претседателот Доналд Трамп започна да подготвува нова верзија на неговата извршна судска наредба со која им беше забранет влезот на патниците од седум муслимански земји.

Н-1В визата е главната „патека“ за високо квалификуваните странци да работат во американски компании. Различни индустрии, вклучувајќи ја и технолошката, инженерството, новинарството, медицината и академските институции секоја година се борат за 85.000 визи од програмата.

Визите се влечат со лотарија, а бројот на кандидати продолжува да се зголемува секоја година. Минатата година, побарувачката беше многу поголема од квотата.

Фирмите го преплавија системот со кандидати, барајќи визи за странски работници. Додека визите се користат за пополнување на вештините кои ѝ недостасуваат на Америка, Трамп го искажа својот став во врска со злоупотребата на програмата.

Пратениците со години дебатираат предлози за промена на популарната визна програма Н-1В, со предлози за тоа како да се поправи оваа спорна тема.

Предложениот закон би го елиминирал системот на лотарија во корист на „системот на предност“ создаденод „USCIS“ со кој предност ќе се даде на странските студенти кои учеле во Америка. Со тоа, ќе се расчистат странските аутсорсинг фирми, за кои се вели дека го користат системот.

Исто така, од работодавецот ќе се бара да направат напор и да ги регрутираат американските работници наместо странците, како и на одделенијата за внатрешна безбедност и труд да им дадат поголеми овластувања за да испитаат измами и злоупотреба.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура