Влезот во Германија од саботата е без ограничувања за Македонците, соопштија од германската амбасада во Македонија.
Оттаму истакнуваат дека од 11 јуни 2022 година привремено се укинати сите ограничувања за влез во Германија во врска со ковид-19, односно повторно е дозволен влез од Македонија во Германија за сите цели на патување (вклучувајќи туризам и патувања за посета).
- Доказ за вакцинација, доказ за прележаност или доказ за тестирање повеќе не е потребен за влез во Германија - стои во соопштението.