X
 29.08.2023 Образование

Турција планира да ги забрани мобилните телефони во училиштата

Во новата учебна година во Турција се предвидува да се забрани користење на мобилни телефони од страна на учениците во текот на наставата.

Ова го изјави турскиот министер за образование Јусуф Текин на конференција со претставници на образовните институции од целата земја, објави веб-страницата Хаберлер.

- Размислуваме да спроведеме мерки за да ги спречиме учениците да користат мобилни телефони и дигитални уреди кога се на училиште. Не е во ред да се дозволуваат мобилни телефони и дигитални уреди во образовните институции бидејќи дигиталната зависност го кочи образовниот процес - рече Текин.

Не е прецизирано дали ваквата мерка ќе важи и за државните и за приватните училишта.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование