X
 09.02.2023 Живот

Деветтемина македонски државјани што беа во Турција за време на земјотресот се вратија дома

Деветтемина македонски државјани што беа затекнати во Турција за време на земјотресот утрово се вратија во земјава. Министерството за надворешни работи информира дека тие се во добра здравствена состојба.

Се работи за осум ученици и нивниот ментор кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Турција.
Веднаш штом беше идентификувана групата, на самото место во загрозениот регион беше испратен дипломат од амбасадата во Анкара, заедно со дополнително возило, за да асистира во повлекувањето на групата сѐ до упатување кон земјава. По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа во Истанбул каде што беше обезбедено сместување, дополнителна медицинска нега и одмор.

- Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба или на кои им е потребна асистенција. Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба. Дипломатските претставништва во Турција се 24 часа на располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, како и СОС-телефонот на МНР во Скопје 38975273732, се наведува во соопштението од МНР.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот