X
 23.01.2019 Живот

Турција со необична идеја против цигарите

Во турскиот град Килис е започната несекојдневна кампања поврзана со откажувањето на цигарите.

Турската општина Килис дала велосипеди за 500 деца откако барем еден од нивните родители престанал да пуши. Свечената церемонија на врачување на велосипедите се одржала на локалниот стадион каде што се собрале голем број деца и нивните родители.

Целта на оваа несекојдневна кампања наречена „15.000 велосипеди за 15.000 дома“ е да мотивира што е можно поголем број граѓани да престанат со пушењето. Градоначалникот на Килис, Хасан Кара, при доделувањето на велосипедите рече дека досега биле доделени вкупно 11.500 велосипеди и истакна дека наскоро ќе ги подели и преостанатите 3.500.

Тој додаде дека кампањата привлекла огромно внимание, особено на социјалните мрежи, каде што над илјада луѓе ја поддржале кампањата велејќи дека станува збор за оригинална и позитивна идеја и предлагајќи ваквите проекти да продолжат да се реализираат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот