29.08.2024
Живот
Зголемен интерес за студирање на ФЕИТ
Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) бележи зголемување на бројот на пријавени кандидати во првиот уписен рок за повеќе од 50% споредено со изминативе неколку години. Притоа, речиси сите пријавени кандидати имаат над 80 поени, а дури 70% од пријавените се со над 90 поени од средното образование. Ова е доказ дека квалитетот на кандидатите е на највисоко ниво (што беше практика и изминативе години) и покрај нивниот зголемен број. На две студиски програми се целосно пополнети двете квоти, со партиципација и со школарина, додека на другите сѐ уште има место.
- Зголемениот интерес за студирање на ФЕИТ се должи на долгите години на одржувањето на квалитет во понуденото образование на ФЕИТ, постојаното подобрување на студиските програми и нивната меѓународна акредитација, по што сме единствени во државата. Се разбира, тука се и најсовремено опремените лаборатории, исклучително силната поврзаност со стопанството и практичните знаења кои ги стекнуваат нашите студенти. Нашиот факултет постојано организира работилници и зимски/летни школи на кои често учествуваат и средношколци кои одблиску може да се уверат во квалитетот што го нудиме - изјави деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски.