Еден австриски овоштар доби казна затвор затоа што илегално користел инсектицид кој довел до смрт на десетици пчелни колонии во соседството.
Австриецот на возраст од 47 години прскал моќен инсектицид наречен хлорпирифос на неговите дрвја во областа Лавантал во покраината Корушка, во време кога нивните цветови се уште привлекувале пчели.
Повеќе од 50 колонии на двајца пчелари од соседството изумреле.
Судот во градот Клагенфурт пресуди дека овоштарот е виновен за намерно оштетување на околината, посочувајќи на неговото искуство и улогата во подучување на другите во неговото поле како доказ дека ги знаел последиците на неговите постапки.
Тој добил казна затвор од една година, а четири месеци ќе бидат без условно. Наредено му е да плати повеќе од 20.000 евра како компензација, но обвинетиот рече дека ќе поднесе жалба.
Судот истакна дека се надева дека пресудата ќе служи како потсетник за другите дека при употребата на пестицидите треба да се наоѓа рамнотежа меѓу животната средна и економијата.
Проширената употреба на пестициди се наведува како еден од виновниците за
изумирањето на пчелите.