Студентите на Универзитетот во Инсбрук, Австрија, ќе може бесплатно да ги користат велосипедите кои градот ги изнајмува. Ова е овозможено во рамките на договор помеѓу студентската унија на универзитетот и компанијата за јавен превоз во градот.
Студентите ќе може да ги користат велосипедите во период од 30 минути во една насока без да плаќаат. Секои дополнителни 30 минути во текот на едно возење ќе бидат наплатени по 1 евро.
За да може да ги користат велосипедите, студентите треба да се регистрираат на веб-страницата на студентската унија преку нивната официјална универзитетска е-пошта.
Освен тоа, студентите ќе бидат ослободени од плаќање годишна претплата за изнајмување на велосипедите, која чини 39 евра.
Според студентската унија, иницијативата ќе биде почеток на пробен период во кој властите треба да ја оценат популарноста на мерката.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay