X
 29.09.2020 Образование

МОН: Продолжува тестирањето на националната платформа за учење на далечина

Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на националната платформа за учење на далечина, овој процес е во тек и ќе продолжи интензивно да се одвива и во наредните денови, информираат од Министерството за образование и наука - МОН.

- Само во текот на вчерашниот ден на платформата беа најавени над 88.000 активни корисници. Тие придонесоа за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците што произлегуваат од оптоварувањето на платформата во оваа фаза на нејзина имплементација. Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани и е започната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на сервери (серверите за базите со податоци (database servers); серверите за балансирање на оптоварувањето (load balancer) и серверите за опслужување на корисниците (web servers)) - информираат од МОН.



Како резултат на денешното тестирање, можно е корисниците на платформата повремено да добиваат порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање.

- Овој процес ќе помогне за успешно ставање на платформата во функција и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамките на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование. Ве охрабруваме да продолжите со поврзувањето на националната платформа за учење на далечина и во наредните денови и редовно да ги следите новите содржини што ги поставуваме на главната страница (www.schools.mk) - велат од Министерството.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование