X
 31.08.2022 Образование

Септемвриската плата повисока за 15 отсто за вработените во образованието

Септемвриската плата за вработените во основното и во средното образование е повисока за 15 проценти. Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем, соопшти МОН

Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има.
- Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието. Затоа, Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариререн развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања – пишува во соопштението на МОН.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование