Проф. д-р Зоран Поповски е првиот научник од Македонија што стана член на Европската академија, се оствари сонот на нашиот голем пијанистички талент Арда Мустафаоглу, кој е примен на Факултетот за музика и театар на Универзитетот во Хамбург, како се подготвуваат училиштата во Македонија за новата учебна година, зошто е мал интересот за студирање македонски јазик... Ова се темите што ги истражувавме неделава.
Националната платформа за онлајн-настава ќе има многу можности, но најважно е што ќе има интеракција меѓу наставниците и учениците, а секој наставен ден ќе биде организиран според распоред на часови. Замислата е платформата да биде онлајн-простор за електронска училница. Наставниците ќе може да поставуваат материјали, домашни задачи, да прикачуваат фајлови, тестови. Секој ќе може самостојно да ги преземе.
Арда Мустафаоглу
Мојот сон се оствари, но допрва ми почнува нова важна фаза на учење, вели
Арда Мустафаоглу, големиот пијанистички талент, кој е примен на Факултетот за музика и театар на Универзитетот во Хамбург. Тој е прворангиран во голема конкуренција, а приемниот испит на еден од 50. највисоко рангирани светски универзитети од областа на уметностите се реализира онлајн во две етапи пред комисија составена од врвни светски пијанисти.
Фото: Архива на Факултети.мк
Едни набавуваат средства за хигиена и дезинфекција, други варосуваат, трети чекаат појак интернет. Во училишните клупи или онлајн од дома, учебната 2020/2021 година секако ќе почне на 1 октомври. Училиштата во Македонија
се подготвуваат за новата учебна година, која треба да почне за 15 дена во услови додека сѐ уште трае пандемијата на Ковид-19. При крај е подготовката на националната платформа за онлајн-настава. Училиштата веќе имаат одредено наставници кои ќе ја поминат првичната обука и потоа ќе им ги пренесат искуствата на своите колеги.
Изабела Соколовска
Македонија низ историјата била позната по вредни занаетчиски производи, од керамика до филиграни, а особено познат е охридскиот бисер, но со индустријализацијата тие занаети замреле.
„Еснаф“ е социјално претпријатие и е самоодржлив бизнис. Мирис на детство, весел поглед што го мамат различни бои на рачно изработени предмети, спој на вековна традиција со модерна и уникатна уметност. Не може да влезете во продавницата на „Еснаф“, сместена во близина на грчката амбасада во Скопје, а да не го почувствувате токму ова. Истиот впечаток ќе го добиете и ако ја разгледувате онлајн-продавницата на www.esnaf.eu, каде што веднаш ќе можете да најдете севременски подарок за себе или за некого, проткаен со емоциите на 100-ина ентузијасти кои решиле да го сменат светот на занаетчиите.
Борјан Ефтимов
Студентите немаат пари да живеат под кирија, отворете ги студентските домови, вели Борјан Ефтимов, претседател на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Затворањето на студентските домови ќе претставува тежок удар за студентскиот животен стандард во услови на голема економска криза. Институциите сè уште размислуваат дали да ги отворат домовите за претстојната академска година, иако колебањето се коси со секоја логика.
Коалицијата „Сите за правично судење“ во јануари годинавa почна со имплементација на проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“. Една од главните проектни активности е процесот на анонимизација на судски пресуди. За да се имплементира соодветно оваа активност, Коалицијата потпиша меморандум за соработка со Основниот кривичен суд во Скопје.
Проф. д-р Зоран Поповски
Македонски научник
влезе во елитното друштво на академици на Европската академија (Academia Europea). Од 1 септември член на престижната Европска академија е научникот проф. д-р Зоран Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како член на секцијата за биохемија и молекуларна биологија, својата пристапна презентација Поповски требаше да ја има на 20 октомври на годишната конференција во Барселона, но поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, таа е одложена за 2021 година.
Проф. Поповски во оваа асоцијација на научници, академици и нобеловци е номиниран од страна на претседателот на aкадемијата, Сирд Клотинг од Холандија.
- Убаво е да се биде во друштво на 3.800 врвни научници и 72 актуелни нобеловци.
Фото: Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
се намалува интересот на младите да учат за наставници, за ветеринари, шумарски инженери, да изучуваат музичка уметност. Вчера заврши запишувањето во вториот уписен рок на 23. факултети при УКИМ. Една од причините е помалиот број на матуранти, меѓутоа, за некои струки се забележува пад во интересот во последните години и има директна врска општествениот статус на самата професија. По првиот уписен рок уште 988 студенти може да прими Природно-математичкиот факултет, 983 - Филолошкиот, 844 - Правниот, 547 - ФЕИТ …
По десет студенти во првиот уписен рок. Олкав беше годинава интересот на матурантите за студиите по македонски јазик на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и „Гоце Делчев“ во Штип. Сепак, деканките на двата универзитета се задоволни и од овие бројки зашто имало години кога на една рака се броеле запишаните студенти.
Зошто е толку мал интересот за студирање на македонистика, како да се зголеми интересот на идните студенти, што можат да преземат универзитетите, а што државата за да се подобри состојбата, која трае подолго време?
Нашата програма, особено главната селекција, го има предзнакот на оценување на визуелната естетика, на камерата во филмот, а сите нијанси на светлото и сенките можат да се видат детаљно и критички на големо платно. На платформа можете да се информирате за доброто актерско остварување, можеби и креацијата на режисерот, но да се проследи играно филмско остварување, а да не се видат сите гами на филмот е жално, вели
Гена Теодосиевска, директорката на „Браќа Манаки“.
Епохалното дело на солунските браќа Кирил и Методиј е тесно поврзано со појавата на
библиотекарството во Македонија. На словенскиот народ тие му ги дадоа првите книги и писменоста, а со тоа ги најавија и почетоците на библиотекарското дело на овие простори. Првите богослужбени книги што ги превеле од грчки на словенски јазик ги претставуваат првите словенски книги во книжевните фондови на црковните и на манастирските библиотеки.