X
 15.09.2021 Образование

МОН: 50 стипендии за студентите од регионот

Министерството за образование и наука обезбеди 50 стипендии за студенти со македонско потекло што живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција и тоа за додипломски студии на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Мајка Тереза“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Гоце Делчев“ во Штип и „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Преку конкурсот, кој беше објавен на почетокот од минатиот месец, кандидатите доставуваа пријави во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во државите во кои тие живеат. Износот на овие стипендии годинава е зголемен за над 80%, односно месечната стипендија од 3.300 денари се зголеми на 6.050 денари и продолжува да се исплаќа 9 месеци во годината.

Интензивирањето на соработката во сферата на образованието со македонските заедници од регионот е високо на агендата на Министерството за образование и наука, се вели во соопштението.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование