X
 23.05.2017 Технологија

„YouTube“ каналите кои заработуваат благодарение на вашите деца

фото
Фото: The Daily Beast

Г-ѓа Хендс поставува едно видео на ден на секој од нејзините три канали: „Fizzy Toy Show“, „Fizzy Fun Toys“ и „ZigZag Toys“. Играчките се внимателно организирани на чистата маса во дневната соба.

Содржината е ептен едноставна - едноставен агол за да се прикажат сите играчки пред пет годишните деца. Видеото е 13 минути долго, што е совршена должина за да се зголеми профитот од алгоритмите за реклами на „YouTube“. Ова е седма епизода која таа ја објави оваа недела.

Во извесна смисла, г-ѓа Хендс е професионален пантомимичар - таа игра со играчките на начин на кој сите родители го прават тоа кога родителите се очајни да го задржат детето да седи. Но, разликата е тоа што неа ја гледаат милион претплатници. Во еден ден, видеото со змејот е прегледано 190.000 пати, што е ништо во споредба со 1.7 милиони прегледи на минатонеделната епизода „Greedy Grandma Chef Game! Trolls & Boss Baby Try to Get Food and Not Wake Granny!”

Се проценува дека г-ѓа Хендс годишно има заработка од шест фигури. „Можам да кажам дека заработувам повеќе отколку што заработував како училишен психолог“, вели таа.

Таа дала отказ од работа после раѓањето на нејзиниот син. Поради зафатеноста со работата и потешкотиите да остане бремена, таа сакала распоред кој ќе ѝ овозможел повеќе време со нејзиното ново семејство.

„Започнав да размислувам на други начини како да заработам пари. Еден ден гледав видеа на „Youtube“ за тоа како да си ја осветлам косата. И ги забележав сите тие видеа, па така ја добив идејата - овие жени прават многу пари со правење на овие видеа. Направив неколку истражувања и открив дека најплатени се гејмерите и рецензентите на играчки. Бидејќи работев со деца, помислив дека рецензиите на играчки се моја бранша. Но, немав играчки, немав камера и никогаш не сум уредила филм. Купив играчки, евтина камера и научив да го работам „iMovie“. Бавно, но сигурно, започнав да создавам видео клипови“, вели таа.

Досега, има направено 922 видео. За неколку месеци таа ќе надмине милијарда прегледи вкупно, несомнено зацврстувајќи се себеси како еден од вистинските магнати на „Toy YouTube“.

Ова е индустрија која се случила сосема случајно. Исцрпените родители започнале да ги препуштаат должностите на дадилка на самите ајпади и паметни телефони, па така момчињата и девојчињата станаа прилично профитабилен пазар. До 2015 година, четири од петте најпопуларни канали на „YouTube“ беа насочени кон децата. Генерацијата на креатори на содржини сфатија дека може да создадат канал кој може да привлекува милиони кликови дневно.

Оваа година е „Boss Baby“; минатата беа „Moana“ и „Zootopia“. Слично е со стратегиите кои ги создава „Nickelodeon“ и „Cartoon Network“ со години - пополнување на часовите после училиште.

Истражување направено минатата година од „The Guardian“ открива дека децата помеѓу 5 и 15 години поминуваат повеќе време на интернет отколку што гледаат телевизија. Во март 2015 година, четири од пет најпопуларни канали на „YouTube“ биле фокусирани примарно на публика од основно училиште.

Еден од најбизарните канали е „Wbes & Tiaras“ - франшиза од бесмислени претстави организирани од мал број возрасни луѓе. Како што и самото име вели, на секое видео се појавува Спајдермен и жена облечена како Елса. Секој наслов од видеата е специјално дизајниран за сите релевантни пребарувања: „Frozen Elsa COTTON CANDY BATH w/ Spiderman Princess Rapunzel Joker Venom Superman Fun in Real Life“.

Не постои наративна комплексност. Содржината е создадена колку што е можно поефикасно, посебно таргетирајќи ги чудните, површни мисли кои поминуваат низ главата на детето.

Постои долга историја на маркетинг директори кои форсираат децата да гледаат глупости. Но, како никогаш досега е лесно да се влезе во „игра“. Не постои надзорно тело за содржината која им ја нуди „YouTube“ на децата. Потребна ви е само камера и мала колекција на играчки.

Но, најдобрите детски програми се направени од идеалисти кои сериозно си ја сфаќаат работата. „Mr.Rogers“, „Blue's Clues“, „Sesame Street“ - сите веруваат дека децата заслужуваат нешто добро. Тие го третираат вниманието на младите како клучна одговорност. Каналите со играчките не се лоши, но се чини дека со нив е децата ја изгубиле привилегијата.

Г-ѓа Хендс работи прилично напорно. Таа ги снима видеата наеднаш, и подоцна цел ден ги уредува до доцна навечер. Прави пауза многу ретко, но не се чувствува виновно за монотонијата на нејзините видеа. Таа ги смее гледачите, а за возврат прави многу пари.

„Ова е страст и работа. Како психолог, потребно ми е да ги вежбам вештините за решавање на проблеми. Уживам да сум во можност да истражувам повеќе во креативниот дел од мојата личност. Добивам неверојатни коментари од родителите и децата. Тоа ме прави среќна и страстна за оваа работа“, завршува таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија