После пет години, би можеле да имаме градови кои ќе бидат значително почист, побезбеден и попрактични за луѓето кои живеат во нив. За да се постигне ова, не е потребно да се направи нешто што досега не било направено. Она што е потребно е да се донесе одлука да ги прифатиме неизбежните комунални аспекти на урбаното живеење: густи населби и јавен превоз. Тоа исто така бара одлука за поддршка на работи како што се електричните возила преку субвенции. Но над сѐ, поставување на прашањето на жителите на градот: „Како вие сакате да живеете?“.
Во примерите подолу, имате пример за најкомпетентни и најдобри градови со одличен урбан пејзаж. Овие чекори би можеле да значат повисок квалитет на живот за сите оние кои живеат во градовите.
1. Жените го користат градот различно од мажите; оние кои го планираат урбанистичкиот дел на градот мора да се помират со двата начини
Како маса, луѓето имаат тенденција да го користат превозот да одат на работа наутро, и да се вратат дома во текот на ноќта. Жените имаат поразлична шема на движење - ги земаат децата на училиште, ги земаат од активности како што се пливање, кошарка или пак им помагаат на родителите да пазарат. Градовите како Виена ова го решија со традиционална поделба на канцелариите и предградијата, со што им овозможија на луѓето полесно да се грижат за работата и семејството. Други градови пак, како Торонто, овозможија постојки на автобусите за жените да можат да се симнат поблиску дома доцна во ноќта.
2. Комбинирањето на густината со зелени површини е иднината на урбаниот пејзаж
Со цел да се запре ширењето на градовите како Лос Анџелес, каде се` е подалеку и секогаш треба да се вози, донесен е закон со кој се одржува самата густина на градот. Така на пример, Меделин, во Колумбија, засади кружна градина долка 74 километри околу периферијата на градот, со цел да обезбеди ограничување од понатамошно проширување, додека Милано подигна Боско вертикала - вертикална шума. Најдобриот пример за здрав град е Оклахома која изгуби милиони долари поради тоа што поттикнуваше пешачење.
3. Решението за урбаниот сообраќај е едноставно: помалку автомобили
Урбаната густина може да се реши со намалување на сообраќајот кој ги труе нашите бели дробови и ги гуши нашите улици. Градовите како Париз веќе започнаа да ги прават улиците и центрите погодни за пешаци. Градовите како Сингапур и Лондон за да го намалат загадувањето создаваат и промовираат електрични автомобили.
Фото: Pixabay
4. Модели кои се дел од револуцијата со која се менуваат градовите и електричната енергија
Податоците веќе му овозможуваат на Амстердам да следат колку пешаци се на улиците во текот на ноќта, и да ги придуши светлата доколку нема никој. Барселона веќе ја следи влажноста на почвата во своите паркови, испраќа автоматски тимови да ја навлажнат доколку се исуши. Гледајќи напред, наскоро градовите ќе можат да го следат загадувањето насекаде, и да се соочат со него пред луѓето да се разболат.
5. Храната повеќе нема да се фрла
Франција неодамна стана првата земја во светот која им забрани на супермаркетите да ја фрлат храната. Храната која нема да се продаде мора да оди за хуманитарни цели или во банките за храна. Училиштата во Англија имаат договор со продавниците храната да оди кај ученици чии семејства имаат ниски приходи. Исто така, овие ученици добиваат бесплатни оброци во текот ан дено. Во меѓувреме, Филаделфија сите лушпи и кори ги претвора во биогас, додека Калифорнија го претвора органскиот гас во вештачко ѓубре.
6. Добра мерка за здравјето на еден град е колку добро ги третира своите деца
Во Индија, околу 35.000 деца во 23 градови беа регрутирани за да помогнат во редизајнирање на нивните населби, што резултира во подобро улично осветлување на местата каде што тие биле нападнати или железници покрај реки каде се удавиле деца.
7. Повеќе домови
Насекаде низ развиениот свет, постои сериозен недостиг на понуда за домување, а решението е едноставно: изградба на повеќе домови. Токму тоа го направи Сингапур за своите граѓани - се ослободи од станбени згради и изгради куќи. И не само тоа; владата исто така дозволи граѓаните да ги искористат нивните пензиски фондови за да можат да купат куќи.
8. Криминалот и полицијата повеќе нема да бидат исти
Истражување од Универзитетот во Кембриџ направено врз седум полициски сили во Америка и Британија откри дека воведувањето на камери на телото, иако контроверзно, сепак ги намалило жалбите против службениците за неверојатни 93%.
9. Помош за бегалците преку давање шанса на своите граѓани
За да се справи со огромниот прилив на бегалци, Хамбург се обрати до своите жители. Луѓето од секое соседство предложија каде да се изградат нови засолништа, додека истражување од Брукингс откри дека еден постојано засолниште имало 140 волонтери за 190 бегалци.