X
 29.10.2020 Живот

Убавината на непознатите солени езера во Австралија

На почетокот на 20 век доселениците во Западна Австралија почнале да ја расчистуваат природната вегетација од огромни површини со цел да почнат да засадуваат овес, јачмен и пченица, па поради тоа регионот бил наречен пченичен појас. Регионот напредувал, но расчистувањето на вегетацијата донело несакани последици: без длабоки корени кои би ја впивале водата од врнежите, водата се претворала во масивни наслојки од сол под површината. Кога се кренала водената маса, солта излегла на површина и почнала да ја зголемува соленоста на земјата.

До крајот на 21 век земјоделците губеле хектари некогаш обработливо земјиште поради салинизацијата на почвата. Владата одговорила со Национален план за акција за соленост и квалитет на водата, но на крајот се покажал како недоволен за да се справи со континуираното зафаќање на сол на земјоделските земјишта. Фотографката Лиа Кенеди ги документирала добиените солени езера во регионот, нарекувајќи ја својата серија „Салис“.

Солените езера им претходат на населбите на човекот, но во изминатите 100 години таканаречената „секундарна салинизација“ ја направила природната хемија на езерата уште поекстремна. Овие услови создаваат и езера кои, кога се гледаат одозгора, пулсираат со извонредни нијанси на жолта, розова, лилава и светлозелена боја.

Кенеди успеала да направи фотографии од птичја перспектива на езерата. Ако не знаете што гледате, ќе помислите дека станува збор за елегантни дела на апстрактна уметност.

- Солта има и негативни и позитивни асоцијации. Од земјоделска гледна точка, солта не е добра работа, но од друга страна, солените езера се места со прилично развиен биодиверзитет - вели Кенеди.

Наспроти популарната претстава дека солените езера се мртви, научниците откриле стотици видови безрбетници што живеат во езера со голема концентрација на сол во Западна Австралија.

ГАЛЕРИЈА

Извор:  Wired.com
Фото: Leah Kennedy | Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот