X
 27.12.2015 Култура

Ретки фотографии од Германија пред да биде уништена од војните

За жал, научниците се`уште немаат создадено временска машин. Сепак, доколку ве интересирало како Германија изгледала пред Првата светска војна, новата фото книга наречена „Germany around 1900“ ви дава одличен преглед.

 

ретки


Книгата содржи 800 фотографии и разгледници во боја кои биле создадени во 1900-та година. Фотографиите овозможуваат мирен и носталгичен поглед во буржоаската Германија пред теророт на Првата светска војна, и крајот на 20-от век, која се чинеше полна со ветувања.

Се разбира, фотографијата во боја тогаш не беше на располагање. „Фотографиите се ретки примери за историскиот процес на фотохром, техника на печатење која овозможува црно-белите фотографии да бидат репродуцирани во боја“, пишува издавачот „Taschen“. Книгата чини 150 евра и е издадена на англиски, француски и германски јазик.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура