Владета Јеротиќ меѓу многуте свои предавања одржал и едно на тема љубов. Ова се негови зборови:
„Химната за љубовта на апостолот Павле спаѓа во најсовршените изговорени зборови за љубовта во светската поезија. Во некои антологии на светска поезија за љубовта секогаш може да го најдете апостол Павле. Тоа е Прво послание до Коринтјаните, 13 глава:
1. Ако зборувам со човечки и ангелски јазик, а немам љубов, тогаш сум како ѕвоно што ечи, или оружје што сјае.
2. И ако го имам дарот на пророштвото и ги знам сите тајни и сите знаења, и ако ја имам својата вера за и горе да ги преместувам, а немам љубов, тогаш сум ништо.
3. И ако го дадам целиот свој имот, и ако го предадам своето тело, а немам љубов, ништо нема да ми биде од корист.
4. Љубовта долго трпи, корисна е, љубовта не завидува, љубовта не знае за гордост, не го прави она што не ѝ прилега, не го бара своето, не мисли на зло, не се радува на неправдата, туку на вистината, сè поднесува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.
5. Љубовта никогаш не престанува, додека пророштвата ќе исчезнат, јазиците ќе замолчат, знаењето ќе престане. Бидејќи делумно знаеме и делумно предвидуваме, а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе престане она што е делумно.
6. Кога бев дете, како дете зборував, како дете мислев и размислував, а кога станав човек, отфрлив сè што е детско.
7. Сега гледаме како во огледало, во загатка, а потоа лице в лице; сега знам делумно, а потоа ќе препознам, како што бев препознат.
8. Сега останува верата, надежта, љубовта, овие три, а од нив најголема е љубовта.
Прашање е како да го исполниме она што апостол Павле како сведок на љубовта го зборувал. Секогаш е полесно да се зборува отколку да се биде во љубов.
Облици на
љубовта: љубов кон родителите, кон децата, кон партнерот, кон Бога, кон професијата, кон татковината.
Љубовта треба да се негува. Имаме духовна љубов, интелектуална, емотивна и физичка. Нема рангирање, секоја од нив е важна. Четири компоненти никогаш не се задоволени бидејќи нема идеален брак. Нека бидат две, кои било, бидејќи секоја е значајна. Најтешко е да се усогласи емотивниот живот, а интелектуалниот најлесно. Штом забележите дека во бракот една од овие компоненти ослабува, веднаш негувајте некоја друга. Не запоставувајте ја и физичката љубов, особено во средните години“.