X
 30.07.2023 Живот

Нов тренд - состанок со партнерот за заедничка работа

Дали состаноците за заедничка работа може да ви помогнат да ја најдете својата сродна душа? Станува збор за нов тренд во кој одите на љубовен состанок за да работите, а не да гледате филм или да правите нешто друго што најчесто се прави на таквите состаноци.

Не мора да работите заедно или на иста работа со партнерот за да одите на ваков љубовен состанок. Може да работите на различни обврски, но тоа да го правите седејќи еден до друг. Ваквиот пристап за излегување може да функционира поради три причини.

Штедите време

Традиционалните љубовни состаноци може да одземат многу време, а некои луѓе не може да си го дозволат тоа со оглед на работата. Затоа, состанокот за работа може да биде решение со кое ќе бидете продуктивни, а повеќе ќе го гледате партнерот.

Може да ви помогне подобро да се запознаете

На многу љубовни состаноци луѓето најчесто не се целосно природни. Заедничката работа може да ви помогне подобро да разберете каков е вашиот партнер.

Може да го намали притисокот

Состанокот за заедничка работа може да го намалат притисокот кој обично се јавува на традиционалните состаноци. Наместо да мислите на теми за разговор, комуникацијата може да тече поприродно.

Не е за секого

Секако, ваквиот начин на излегување со партнерот не е за секого. Можностите зависат и од видот на работа. Конечно, за некого овој начин едноставно не нуди можност за длабоки разговори и романса.

Извор: Psychology today
Извор: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот