Стрес, возбуда, трема и уште илјада други измешани чувства се раѓаат во срцата на најмалите на првиот училиштен ден. Самото спознание дека летото завршило, а пред нив се наоѓа најважната промена во животот, не е едноставно. Поаѓањето во училиште ги потсетува дека е време да се збогуваат со спонтаноста и да започнат со однесување според распоред и календар. Затоа секоја емоција, прашање и двоумење се разбирливи и очекувани. Но неретко се случува измешаните емоции кај детето да ескалираат со плачење, а тоа да продолжува и вториот, третиот, четвртиот ден... Како да се реагира тогаш?
Училишниот педагог Билјана Павлеска и психологот Борјана Јанакиева-Заева за Деца.мк советуваат како полесно да се надминат овие ситуации.
Прочитајте ОВДЕ