X
 29.11.2019 Наука

„Робот-научник“ извршил 100.000 експерименти за само една година

Научниците по хидродинамика наскоро може да бидат заменети од роботи. Но, другата перспектива е дека овој роботски систем ќе им асистира на научниците во тоа поле.

Истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) и Универзитетот „Браун“ во САД, заедно со Универзитетот во Рен, Франција, создале роботски систем кој извршил околу 100.000 експерименти во полето на хидродинамиката. Најимпресивниот дел од оваа информација е тоа што роботскиот систем успеал да го направи сето тоа за само една година.

Тоа се толку експерименти во полето на сложената и тешко предвидлива хидродинамика колку што се изведени до денес во лабораториите низ светот.

Роботскиот систем е наречен „Интелигентен тенк за влечење“ (ИТТ) и претставува големо свртување кон експерименталното истражување, каде што роботите и луѓето работат заедно. Ова ќе овозможи решавање на посложени истражувачки прашања. Засега тие прашања беа премногу несоодветни за луѓето да истражуваат сами.

Во светот на научното истражување има многу други научници-роботи. ИТТ бил создаден од страна на Диксија Фен од МИТ и нејзините колеги за да врши тестирања за текот и динамиката на вода. ИТТ собирал податоци од вибрација предизвикана од вител. Роботот можел да го прави тоа бидејќи е дел робот - дел компјутерски систем кој предизвикува принудна вибрација во резервоар со вода. ИТТ потоа пресметува алгоритам за учење на веќе познати податоци за да го предвиди следниот нумерички таргет. Од овој таргет, ИТТ одлучува дали брзината, амплитудата или фреквенцијата ќе бидат истражувани од роботот. Извршува тестирања на нови хипотези додека компјутерот го предвидува бројот повеќе пати по ред. Потоа процесот на учење престанува и ИТТ си ги собира податоците.

Импресивно е тоа што ИТТ успеал да истражи осум различни параметри и секои две недели можел да изведува исто толку експерименти како и докторанд.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука