X
 21.08.2021 Технологија

Илон Маск ќе прави хуманоиден робот

Автомобилската компанија „Тесла“ откри нови планови за развивање на своите системи за вештачка интелигенција и покрај критиките за автопилотот во некои автомобили.

Компанијата сега планира да развие хуманоиден робот. Главниот извршен директор на компанијата, Илон Маск, го претставил планот за развивање на „Тесла бот“, робот висок над 1,5 метар со екран на местото на лицето.



Роботот ќе се движи околу 8 километри на час и со тоа ќе биде доволно бавен за луѓето да бегаат од него и доволно мал за човек да го совлада, се шегувал Маск на настанот на кој биле претставени плановите на компанијата.


Компанијата планира да претстави прототип од роботот следната година. Роботот ќе ги користи сите алатки во автомобилите на „Тесла“, како сензори, камери итн. за самостојно да се движи во светот. Роботот би можел да се користи за извршување домашни обврски и ќе биде создаден за да прави небезбедни, повторувачки и здодевни задачи, изјавил Маск.

Откако се случија неколку сообраќајни несреќи со автомобилите „тесла“, компанијата беше критикувана дека нејзиниот систем за управување со автомобили дава лажно чувство на безбедност.

Извор: Market Watch
Фото: Youtube (Screenshot)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија