X
 24.03.2021 Култура

Роботот Софија ќе продава своја уметност во форма на незаменливи токени

Средствата во форма на незаменливи токени (англ. non-fungible token - NFT) станаа популарни во последниов период, а неодамна основачот на „Твитер“, Џек Дорси, ја продаде својата прва објава на социјалната мрежа во форма на незаменлив токен за фантастична цена. Сега дури и роботите ќе се обидат да влезат во бизнисот.

Роботот Софија, направен од „Хансон роботик“, ќе продава сопствени уметнички дела во форма на незаменливи токени. Сликите ги направила во соработка со дигиталниот уметник Андреа Боначето, користејќи елементи од делата на Боначето.



Таа ги користела своите камери за да ги анализира лицата и формите во уметничките дела на Боначето и подоцна создала сопствени слики во негов стил. Сликите на Софија ќе бидат понудени на аукција денес.

Софија беше претставена во 2016 година. Таа може да покажува над 60 различни изрази на лицето и препознава човечки јазик и емоции. Незаменливите токени вклучуваат сертификат создаден со блокчејн-технологија кој претставува доказ за автентичноста на дигитално средство како уметничко дело, музика или видео. Минатата година биле продадени вакви дигитални токени со вредност од 250 милиони долари.

Автор: Лесли Кец
Извор: cnet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура