Веќе знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но веста е дека експертите веруваат дека треба да се јаде со доаѓањето на зората.
Според новото истражување, појадувањето до 7 часот би можело да го продолжи животниот век.
Претходните истражувања покажаа дека јадењето доцна навечер го нарушува внатрешниот часовник на телото и го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Но, само неколку студии се осврнаа на прашањето дали времето за појадок има слично влијание.
Затоа, научниците од Универзитетот во Њујорк сакале да откријат дали времето на првиот оброк во денот е поврзано со долговечноста.
За таа цел, тие неколку децении следеле повеќе од 34.000 Американци на возраст над 40 години. Волонтерите го забележувале времето на оброци, а научниците ги споредиле со стапката на смртност за време на студијата.
Резултатите, објавени во списанието „Журнал оф нутришн“, покажаа дека оние што појадувале помеѓу 6 и 7 часот наутро имале за 6 отсто помали шанси да умрат предвреме од сериозни болести, како што се срцеви заболувања или рак, во споредба со оние што појадувале редовно во 8 часот наутро, како и 12 отсто помал ризик од рана смрт од оние што го имале првиот оброк во 10 часот.
Се смета дека прескокнувањето на појадокот или јадењето доцна го нарушува „часовникот за исхрана“ на телото – внатрешно програмирање кое го контролира ослободувањето на хормоните поврзани со диетата, како што е инсулинот. Овој хормон помага во согорувањето на гликозата од крвотокот, а неговото ниво го достигнува својот врв во раните утрински часови. Јадењето подоцна може да значи дека телото постепено произведува помалку инсулин и го зголемува нивото на гликоза во крвта, што доведува до дијабетес и срцеви заболувања.
Фото: Freepik