X
 11.09.2022 Здравје

Совети за ублажување на главоболката предизвикана од промената на времето

Има многу причини за појава на главоболка, а една од најчестите е промената на времето. Тоа е затоа што големите промени во температурата и влажноста на воздухот носат промени во атмосферскиот притисок, а тој предизвикува промени во притисокот во крвните садови и ткивата на организмот, кои немаат доволно време да се приспособат на тие промени.

Затоа, кај многу луѓе се јавува силна главоболка, а кај некои таа е проследена со мачнини и други проблеми. Особено чувствителни на временските промени се луѓето што се хронично изложени на стрес бидејќи нивните крвни садови се во постојан грч поради производство на хормонот на стрес, па потешко им е да се стеснат или прошират при промена на времето. Постојат неколку начини на кои може да се обидете да ја намалите главоболката поради промената на времето.

Туширање

Обидете се да се туширате наизменично со топла и студена вода. Менувањето на температурата на водата ги поттикнува крвните садови да се шират или собираат.

Интензивна физичка активност

Во својата рутина воведете интензивна физичка активност како трчање, брзо одење или пливање. Овие активности ги зголемуваат отчукувањата на срцето и течењето на крвта, што ги проширува крвните садови, а на крајот од тренингот крвните садови се собираат.


Фото: Pixabay


Масажа

Доколку долго седите, веројатно имате закочен врат или ве боли грбот. Редовната масажа на вратот и грбот го подобрува течењето на крвта до мозокот.

Излезете на свеж воздух

Обидете се да поминувате повеќе време во природа, по работното време или за време на викендот, за да дишете повеќе свеж воздух.

Внимавајте на исхраната

За оние што страдаат од мигрени, се советува внесување намирници богати со магнезиум. Тоа се грав, брокула, зелен зеленчук, како и намирници кои содржат витамини од групата Б, како лосос, млеко, јајца, семки итн.

Добро одморете се

За општата благосостојба на телото и духот, важен е одморот. Не работете по работното време, а времето за одмор поминете го надвор и со луѓето што ги сакате. Обидете се да спиете доволно и почитувајте ја рутината на спиење.

Извор: Novosti 
Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје