X
 31.10.2016 Образование

Оставете ги децата да се досадуваат, советуваат експертите. Еве зошто?

Смартфон, видео игри, трамполина, шопинг, игротека, пливање, кино, летни кампови, играчки, гледање ТВ. Сето ова и повторно вашите деца велат дека им е здодевно? Што треба да направите?

Експертите за развојот на децатата советуваат родителите да не брзаат со пронаоѓање на готови решенија. Истражувачите велат дека досега давањето внатрешен мир е она што им помага на себе-осознавањето на децата. Советуваат на децата да не им се дозволува да поминуваат повеќе време пред екранот, со цел да им се олесни здодевноста.


Тие препорачуваат децата при барањето на креативни предизвици да ја вклучат имагинацијата. Имагинативниот и креативен процес може да поттикне интересирање кое на децата би им останало за цел живот. Децата развиваат важни животни вештини, кога се во ситуација да мораат да најдат решение за досадата.

Од книги, часови по сликарството, спорт, до iPad и телевизија, многу родители прават се што е во нивна моќ за да ги забавуваат и едуцираат своите деца. Но, што ќе се случи ако на децата од време на време им дозволите да се досадуваат? Како тоа ќе влијае на нивниот развој?

„Почнав да размислувам за здодевноста и децата, кога во 90-те години истражував за влијанието на телевизијата врз способноста на децата да раскажат приказна. Се изненадив поради отсуството на имагинација во многу од стотици приказни кои ги прочитав, а кои се напишани од страна на деца на возраст од 10 до 12 години во пет различни училишта во Норфолк, па се прашував дали тоа би можело да биде дел од влијанието на гледање на ТВ. Наодите од претходни истражувања покажале дека телевизијата навистина ја намалува имагинацијата кај децата“- пишува Тереса Белтон во соработка со списанието The Conversation.

На пример, една голема студија спроведена во Канада во 80-те години, кога телевизија постепено се ширеше во оваа земја, направила споредба на децата во три заедници: една која имала четири телевизиски канали, една со еден канал и една без телевизија. Студијата била спроведена во два наврати. Децата без телевизија имале подобри резултати од другите во различни ментални способности, вклучувајќи ја и имагинацијата. Тоа било така се додека и тие не добиле ТВ, а потоа нивните вештини паднале на исто ниво како и кај другите деца.

Очигледното негативно влијание на гледање на телевизија на имагинацијатакај децата претставува проблем, бидејќи  имагинацијата и фантазирањето се важни. Не само што го збогатува личното искуство, туку е важна за емпатија, замислување дека сме на нечие друго место и клучна е за создавање промена. Децата (но и возрасните) често се препуштаат на телевизијата или овие дена на дигиталните уреди за да ја убијат  досадата.

Неколку години по моите студии, почнав да забележувам дека многу креативни луѓе велат дека досадата е важна за нивната креативност и во текот на детството и сега. Некои од нив ги интервјуирав. Еден од нив беше писателка и актерка Мера Сјаул. Таа ми раскажа како ги поминала училишните распусти зјапајќи во прозорецот и во руралните предели и работејќи различни нешта надвор од нејзината вообичаена сфера, како на пример правење торта со старицата од соседството. Од досада почнала да пишува дневник и вели дека благодарение на тоа ги започнала деновите на писателската кариера. "Тоа е ослободување, да се биде креативен не од некоја друга причина, туку само за да го исполните времето", рече таа.

Слично на тоа, познатиот невролог Сузан Гринфилд, изјавила дека таа немала што да прави како дете, па многу време поминала во цртање и пишување приказни. Тоа подоцна станало предвесник на нејзината работа, научна студија на човековото однесување. „Јас се уште претпочитам да изберам молив и хартија, наместо лаптоп кога патувам со авион“-рече таа.

Спорт, музичко училиште и други организирани активности, секако може да се корисни за физичкиот, когнитивниот, културниот и социјалниот развој на детето. Но, потребно е децата да поминат некое време сами со себе, да се исклучат од „бомбардирањето“ на надворешниот свет, да сонуваат, да ги следат своите мисли и да ги откријат нивните интереси и таленти.

Не мора да имаме посебен талент или интелект, за да имаме корист од здодевноста. Само ако дозволиме умот „да талка“ од време на време, ќе сфатиме колку е важно за менталното здравје и функционирањето на сите луѓе. Студијата покажала дека дури и ако во исто време се занимаваме со некоја полесна, активност која не бара многу, „лутањето на умот“ ќе придонесе да се развие некоја креативна идеја или решавање на проблемот. Па така добро е за децата да научат и да уживаат во тоа да направат нешто од глина, а не да растат со очекување дека постојано треба да бидат во движење за да се забавуваат.

Како да се поставите спрема детето кое се здосадува?

Родителите често се чувствуваат виновни кога децата се жалат дека им е досадно. Но всушност е поконструктивно да гледате на досадата како на можност, а не како на недостаток. Родителите имаат важна улога, но брзањето со подготвени решенија не е од голема корист. На децата им е повеќе потребно возрасните околу нив да ги разберат, дека за сами да се забавуваат им треба простор, време и можност да напрат неред (во одредени граници)  и децата треба сами да исчистат по себе.

Ќе им биде потребен и материјал, но тоа не треба да биде нешто софистицирано, едноставните нешта често се поинтересни. Сите сме слушнале како малите деца ги игнорираат скапите играчки и наместо со неа си играат со кутијата во која играчката пристигнала. За постарите деца, тоа може да биде парчиња од дрво, топка од волна и така натаму, што може да биде доволно за среќно потрошени часови.

За да имате најмногу корист од потенцијалната досада, но и од животот воопшто, на децата им се потребни внатрешни ресурси, исто како и материјални

Карактеристиките, како што се: љубопитност, упорност, разиграност, заинтересираност и самодоверба им овозможуваат да истражуваат, создадат и развијат способност за инвентивност, набљудување и концентрација.

Овие карактеристики им помогаат и да научат да не се обесхрабруваат ако нешто не успее од првиот пат и да се обидат повторно. Со поттикнување на развојот на таквите капацитети, родителите им нудат на своите деца нешто што ќе биде добро за нив за цел живот.

Ако на вашето дете му престанат идеите, треба да им дадете некој предизвик, кој ќе ги поттикне да продолжат да се забавуваат со сопствената имагинација. Може да им кажете да откријат каков вид на храна сака нивната играчка диносаурус во градината, или, ако се постари, да направат приказна со слики заедно со пријателите, со користење на дигитален фото апарат.

Повеќето родители велат дека сакаат да одгледаат независни луѓе кои можат да преземат иницијатива и да размислуваат со своја глава. Но, ако на децата постојано им го исполнуваме времето, ние нема да ги научиме нешто, туку ќе создадеме зависност од надворешен стимул, било да станува збор за поседување на материјални работи или забава. Обезбедување на потребните услови и верба во природната тенденција на детето да го вклучи својот ум пред се ќе произведе независно, способно дете со многу идеи.

Всушност, ова е лекција за сите нас. Исклучете се, не правете ништо и дозволете умот да им „лута“, а тоа може да биде прекрасно и за возрасните. Сите ние треба почесто тоа да го пробуваме. 
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование