X
 09.10.2019 Живот

Стари фотографии од пештерските живеалишта на луѓето низ светот

Со генерации луѓето се повлекувале во пештерите кога се соочувале со војни, прогони, сиромаштија или сурова клима. Тие живееле длабоко во земјата за да побегнат од неповолните услови надвор.

Немилосрдните екстремни клими натерале некои заедници да ги претворат пештерите во домови, каде што средината останувала умерена. Жителите на рударскиот град Кобер Педи во Австралија се населиле под земја за да ја избегнат интензивната пустинска топлина.

Исто така, пештерите обезбедувале заштита за време на војните. Раните христијани побегнале во пештерите на Кападокија за да го избегнат прогонството и гневот на Рим. Мао Ѕедунг го искористил пештерскиот комплекс Јанан во Кина како база. И европските цивили и војници се криеле во пештерите за да се заштитат во воени времиња; во Франција војниците се засолниле во варовнички камења за време на Првата светска војна.

pestera
Фото: National Geographic

Селаните, сиромашните и оние што не можеле да си дозволат да ги градат своите домови побарале засолниште во пештерите. И тие пештери честопати станувале изрази на културата.

Пештерските домови бараат малку енергија за загревање или ладење, така што тие се сметале за зелена алтернатива на поконвенционално домување. Истражувачките фирми фокусирани на урбанистичкиот дизајн и планирање тврдат дека подземните живеалишта би можеле да бидат иднината на градовите, посочувајќи тековни предизвици на ресурсите како недостиг на урбан простор. Компании во Сингапур и во Мексико работат на големи планови за подземно домување.

Но, понекогаш пештерите не се само место за заштита при неволја. Многу пештери, вклучувајќи ги и оние во Кападокија, се претворени во културно наследство, ресторани и хотели.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот