X
 30.05.2017 Технологија

Вознемирувачки факти за „Facebook“

Познато е дека „Facebook“ и „Google“ собираат огромна количина на податоци од своите корисници. Она што загрижува е што се може да направи „Facebook“ со информациите со кои располага. Ова се неколку вознемирувачки факти за најпознатата социјална мрежа.

1. Препознавање на лицето

Кога пријател ќе ве означи на социјалната мрежа, платформата веќе го препознава тоа лице, преку користење на вештачка интелигенција и алгоритми кои се прецизни до 98 проценти. Колку почесто се поставуваат фотографии, толку и полесно е на платформата да ги идентификува лицата.

2. „Facebook“ знае каде сте постојано

Ако ја имате апликацијата „Facebook Messenger“, шансите да сте ја исклучиле опцијата за локација е многу мала. Не е толку лоша работа ако „Facebook“ знае каде сте, но проблем е кога другите луѓе ќе имаат постојано информација за вашата локација. Колку и да звучи лудо, демначи има насекаде, особено на социјалните мрежи.

3. Користењето на социјалната мрежа прави да се чувствувате полошо

Колку повеќе ја користите, толку полошо за вас. Претераното користење на социјалните мрежи се покажало како негативно за луѓето, зголемувајќи ги симптомите на незадоволство, депресија, фрустрација, емоционалност, разочарување и слично. Што значи оваа платформа има големо влијание на менталното здравје.

4. „Facebook“ креира ехо комора за вашите прегледи

Главната цел на платформата е да се задржите на неа подолго време. Освен што е негативна за менталното здравје, негативно влијае и на интелектот. Појава на лажни вести, искривена реалност и субјективно селектирање на информациите врз основа на вашите објави и лајкови, платформата креира персонализиран простор во кој немате можност да согледате други страни и гледишта, со што сте ограничени, иако сметате дека имате пристап до неограничен број на информации.

5. Негативно влијае на луѓето со нарушување во исхраната

Незадоволство кај девојките заради изгледот, споредување со останатите, појава на фрустрации заради забележани одредени објави. Сето тоа доведува до продлабочување на проблемите кај луѓето со нарушувања во менталното или психолошкото здравје.

6. Осамените луѓе стануваат уште поосамени

Платформата овозможува да се дознае кој што прави во одредено време и со кого, а тоа ги потсетува другите што не прават и дека се сами. Тоа предизвикува чувство на изолација и осаменост, како и фрустрација.

7. Платформата знае многу повеќе за вас отколку што мислите

„News Feed“ е дизајниран за што подолго време да ви го задржи вниманиети. За тоа време собира податоци од своите корисници, па креираат анализи кои предвидуваат што би можело да ги интересира нивните корисници. Потоа ги „напаѓаат“ со реклами, од било која сфера. Дури можат да претпостават колку сте интелигентни, според содржината која ви се допаѓа.

8. Политичка цензура

Иако платформата е насочена кон отворено и слободно општество, сепак многупати се однесувале спротивно на тоа, учествувајќи во политичка цензура на државно ниво - блокирање на одредени страници, видеа, објави и слично.

9. „Facebook“ со задоволство би ги продале вашите информации


Вака дознавате дека речиси секој може да има пристап до вашите информации. Податоците можно е да се продаваат на банки, како резултат на соработка помеѓу компаниите.

10. „Facebook“ знае кога спиете

Преку апликацијата „Facebook Messenger“, корисниците можат да видат кога некој бил последно активен. Кога ќе се поврзе идентитетот на корисникот со временската ознака, може да се креира графикон со шемата на спиење на пријателите на социјалната мрежа. Еден хакер пак, открил дека може да се дознае и кој уред последно бил користен од одреден корисник за поврзување на социјалната мрежа.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија