X
 30.03.2021 Живот

Индонезиец сам засадил цела шума од 11.000 дрвја

Жител на островот Јава во Индонезија успеал сам да засади цела шума. Познат како Садиман, овој 69-годишен жител почнал да сади дрвја пред 24 години. Оттогаш тој трансформирал пуст рид во густа шума засадувајќи дури 11.000 дрвја.

Претходно, ридот кој се наоѓал до планината Лаву немал реки и езера, а селаните се соочувале со суша, недостиг на храна и многу болести. Затоа Садиман одлучил да направи промени и засадил дрвја што може да чуваат многу вода, како фикусот, за кои се надевал дека ќе ја задржуваат водата под земјата и ќе ги обноват изворите на вода, а ќе спречат ерозија на земјата. Тој садел дрвја на површина од 2,5 квадратни километри.

На почетокот локалните жители се исмевале со Садиман, но подоцна почнале да ги забележуваат придобивките од неговата иницијатива бидејќи се појавиле подземни извори на вода кои семејствата во близина ги користат за снабдување со вода. Се забележале позитивни промени и во одгледувањето земјоделски култури.

Во меѓувреме, Садиман продолжува да сади дрвја во шумата.


Автор: Дејл Џон Вонг
Извор: mashable.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот