X
 22.10.2018 Живот

14 годишно документирање на најстарите дрвја на планетата Земја - еве ги резултатите

Нашата планета е прекрасна. Всушност, повеќето од нас немаат претстава колку имаме среќа што живееме на планетата Земја. Досега, нашата планета е единственото место во универзумот способно да ни овозможи живот каков што живееме. Ова ја прави Земјата посебно место, но постојат и други работи што ја прават Земјата различна од било која друга планета.

Кога последен пат сте размислувале за светот околу вас? Или кога последен пат сте го гледале изгрејсонцето? Кога сте отишле покрај езерото и сте уживале во тишината? Кога последен пат сте пешачеле - оставајќи го вашиот мобилен телефон дома?

Вистината е дека нашиот екстремно брз начин на живот нѐ направи робови на себеси, робови на времето, робови на општеството, робови што го живеат животот целосно ослепени, игнорирајќи ја убавината што нѐ опкружува секој ден. Земјата е убава, а како што општеството се движи подлабоко во технолошката ера, забораваме да ја цениме нашата околина и колку имаме среќа што Земјата е место каде што живееме.

Бет Мун го сфати токму ова кога одлучи да се впушти во 14-годишно патување за да ги фотографира најстарите дрвја на нашата планета. Резултатите? Неверојатни фотографии што ќе ви помогнат да ја цените Земјата како никогаш порано. Нејзиното незаборавно патување ја однесе на многу места: САД, Европа, Азија, Блискиот Исток и Африка.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот