МОН објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година.
Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и да поднесат потребни документи до министерството преку ученичкиот дом.
Рокот за пријавување на учениците кои се запишани во I, II, III и IV година почнува од 25.6.2026 година и трае до 10.7.2026 година.
По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерство за образование и наука.
Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе биде активно од 28.07.2026 година сѐ додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.
Целиот конкурс може да го пронајдете
тука.