Конкурсот за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на Младинскиот културен центар (МКЦ) за оваа, 2022 година, е во тек и завршува за три дена. Целта е создавање визуелен идентитет и препознавање на 50 години МКЦ, односно одбележување на овој значаен јубилеј.
Програмата годинава започнува на 18 јануари со славење на роденденот, ќе заврши на 28 декември, а сите детали поврзани со одбележувањето на јубилејот ќе ги најдете на неговата страница.
Право на пријава на конкурсот имаат сите локални дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено, а аплицирањето на проектите е по електронски пат. Селекцијата ќе биде направена од програмскиот колегиум на МКЦ, а финалниот избор од петчлена стручна комисија. Покрај јавното „благодарам“, избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000 денари.